Новости

Здравје

Овие пијалоци се вистинскиот пат до витка линија и здрав сон

Лошото спиење е поврзано со дебелина, нарушени хормони, голем глад кога ќе се разбудите, проблеми со инсулин и шеќер во крвта.

За да го подобрите квалитетот на спиењето, треба да бидете внимателни во врска со тоа што пиете пред да одите на спиење. Веројатно знаете дека кофеинот и шекерот пред спиење се лоша идеја, но има други пијалоци кои можете да ги пиете и да не го загрозите вашиот мирен сон, а ни вашата линија.

Млеко

Чаша млеко, топло или ладно, може да ве успие благодарение на здравата доза триптофан и калциум. Повеќе спиење значи помалку желби за храна следниот ден. Млекото содржи и протеини кои ја поддржуваат мускулната сила и нивниот раст.

Сок од грозје

За да спиете подобро и ослабете може да ви помогне 100 милилитри сок од грозје. Секрецијата на инсулин ноќе ја регулира работата на целиот организам. Антиоксидансите кои се наоѓаат во грозјето ги конвертираат мастите кои се таложат во мастите кои се согоруваат.

Чај од камилица

Топол чај пред спиење го покачува нивото на глицин во организмот, невротрансмитер кој ги релаксира нервите и делува како благ седатив. Познато е дека помага во контролата на гликозата и губењето на килограми.

Кефир

Овој пијалок богат со пробиотик е корисен за бактериите во желудникот и го зголемува бројот на добри бактерии, го подобрува варењето на храната и помага во апсорпцијата на витамини и минерали.

Протеински шејк од соја

Сојата, во форма на млеко или прав, богата е со аминокиселински триптофан. Може да го подобри квалитетот на сонот како и нивото на кортизол кој ќе ви помогне да изгубите маснотии на стомакот. За подобри резултати вметнете грчки јогурт во протеински шејк.

Вода

Кога пиете вода, тогаш не трошите калории, а тоа помага во губење на тежината. Доколку пиете доволно вода ќе го подобрите и квалитетот на сонот. Пијте многу течности и останете хидрирани.

Протеински шејк

Ако пиете протеински шејк пред спиење, ако сте вежбале тој ден, ќе ви помогне вашите мускули да се регенерираат за време на спиењето. Обновата на мускулите е она што ги прави посилни, а што повеќе мускули имате повеќе калории ќе согорите. Тоа како и колку вашите мускули се регенерираат за време на спиењето зависи само од тоа со колку аминокиселини ги обезбедувате.

GOLD
To Top