Новости

Здравје

Овошје од кое антибиотикот делува многу поефикасно

Антибиотиците многу подобро ќе делуваат ако со нив додадете брусница!

Отпорноста кое човештвото го развило на антибиотици е најдобар доказ за нивната прекумерна употреба, а губење на животите на милиони луѓе поради резултат на компликации од навидум излечиви болести е најголемиот предизвик на модерната медицина.

Иако биле откриени неколку други видови на антибиотици, нивното воведување во примената е исклучително тешко и може да потрае подолго. Дотогаш научниците се фокусираа на зајакнување на постоечките.

Едно решение, цело време им било пред носевите.

Имено, брусницата која се карактеризира со прекрасен вкус, а најмногу поради нејзините здравствени, може да помогнат да ја победиме отпорноста спрема антибиотиците.

Група научници од Факултетот Мекгил во Монтреал додале екстракт од брусница во бактериски молекули и покрај тоа што веќе се спроведувало лечење со антибиотици. Се покажало дека бактериите станале ранливи на дејството на антибиотиците.

Научниците до оваа идеја дошле по бројните истражувања кои сведочат за тоа дека сокот од брусница повеќекратно делува на инфекциите на уринарниот тракт.

Така тие испитувале бактерии кои предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, пневмонија, гастроентеритис и – Proteus mirabilis, Pseudomonas aeruginosa и Escherichia coli.

– Колку подолго внесуваме антибиотици, почнуваме да создаваме отпорност на него. Но, кога во исто време со антибиотик ќе воведете и екстракт од брусница не е развиен отпорот. Ова е голем чекор во борбата со отпорноста на бактерии, изјавила професорката д-р Натали Туфенкџи, авторка на истражувањето.

Дополнителните истражувања потврдиле дека екстрактот од боровинки ја зголемуваат чувствителноста на бактериите на антибиотици на следниов начин: прават ѕид на бактериски клетки достапни од антибиотици и го мешаат механизмот кои бактериите го користат за да се елиминира дејството на антибиотици.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top