Новости

Здравје

Осаменоста е штетна за здравјето

Научниците предупредуваат дека осаменоста има многу негативно влијание врз здравјето, во сите периоди од животот, а посебно во староста, кога нови познаници тешко може да се стекнат и да се воведат новитети во социјалниот живот. Неодамнешните истражувања покажуваат дека секое трето лице од старите лица се чувствуваат осамени, а секое четврто се чувствува целосно изолирано од заедницата.

Чувството на осаменост е многу честа кај постарите лица, особено кај лицата со здравствени проблеми. Тешко е понекогаш да се открие дали луѓето се осамени затоа што се болни или осаменоста предизвикала некоја болест – вели д-р Ерик Солвеј, од Универзитетот во Мичиген.

Осаменоста повеќе влијае врз жените отколку врз мажите. Исто така, се покажало дека луѓето кои живеат сами се почесто осамени бидејќи поради години и хроничните болести тие се помалку излагаат надвор.

Различни научни истражувања покажале дека луѓето кои се осамени и изолирани се склони кон срцеви заболувања, мозочен удар, имунолошки проблеми и осаменоста значително го зголемува ризикот од предвремена смрт.

Извор: ezdravje.mk

GOLD
To Top