Новости

Здравје

Откако ќе се разбудите по бурната ноќ

Дури и да решите да ги преспиете следните дванаесет часа, тоа нема да ви помогне да го врати свежиот изглед. Затоа ви преостанува: отворете го прозорецот- свежиот воздух  ќе ве расони и освежи; земете  1000 мг. Витамин Ц- ќе ви ја поврати енергијата и ќе ве освежи а ако имате главоболка слободно земете и еден аспирин; пијте многу вода-неколку чаши и тоа одеднаш-алкохолот е диуретик и предизвикува дехидрација на организмот-со негово внесување се губи водата од телото. На овој начин ќе ја надокнадите изгубената вода.; одете на 15-минутна прошетка или правете лесни аеробик вежби, за да го поттикнете вашиот метаболизам да се разработи; принесете си лесен појадок- чинија со житарки со посно млеко, едно јаболко, портокал, парче двопек. Избегнувајте ја храната која содржи  многу шеќери како и соковите,  бидејки тие можат да предизвикаат само нагло надоаѓање на енергијата, а потоа исто така и нагло опаѓање иако на прв поглед можеби мрсната и калорична храна изгледа дека е најстратешки артнер со мамурлукот.

Започнете  го туширањето со топла вода, а потоа менуваје топла па студена. Правете го ова пет минути и завршете со топла. Така ќе се стимулира циркулацијата на крвта. Додека се туширате масирајте ја главата. Користете гелови за капење на база  на тревки како нане, цитрус, еукалиптус.

Со хидротерапевтските техники ќе се почувствувате како нова.

GOLD
To Top