Новости

Здравје

Пет причини зошто да пиете чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир не е многу популарен кај нас, но кога ќе прочитате колку едноставно се подготвува и кои се неговите бенефити, можеби ќе почнете да го пиете.

За негова подготовка е потребно во вода која врие да ставите парче ѓумбир, да го оставите 10 минути да стои, да го извадите ѓумбирот и тоа е тоа.

Ѓумбирот ги ублажува менструалните болки

Ѓумбирот има антивоспалителни дејства и ги ублажува менстраулните болки и грчеви.

Го одржува нивото на шеќерот во крвта

Ова важи доколку чајот го пиете незасладен. Чајот од ѓумбир помаѓа нивото на шеќерот во крвта да се одржи стабилно, дури и кај луѓето со дијабетес тип 2. Ова не значи дека треба на своја рака да почнете да пиете чај од ѓумбир, а да ги занемарите сите препораки на докторот и тоа што ви го препишал за дијабетес.

Помага кај тегобите

Утринските тегоби или оние кои се јавуваат како последица на хемотерапија, можат да се ублажат со чај од ѓумбир. Ѓумбирот го забрзува празнењето на цревата.

Помага при слабеење

Не, нема магично да ви го стопи салото, но може малку да ви помогне. Речиси и да нема калории и го хидрира организмот.

Го намалува ризикот од хронични болести

Ѓумбирот содржи големи количини на фитонутриенти, кои се слични на антиоксидансите и спречуваат хронични воспаленија – физиолошка состојба во која клетките се во постојана состојба на подготвеност поради заканата која поминала. Со тек на време, ова може да има голема улога во развој на болести како артритис или рак.

Фитонутриентите кои ги содржи ѓумбирот, го намалуваат одговорот на воспаленијата, штитејќи ги клетките од ДНК оштетувања.

Чајот од ѓумбир не е магичен напиток кој ќе ви ги реши сите здравствени проблеми во животот, но е многу здрав и корисно е да го пиете.

GOLD
To Top