Новости

Здравје

По нагла промена на времето зајакнете го вашиот имунитет со помош на овие три намирници

Наглата промена на времето погодна е за развивање вируси и настинки, па затоа важно е навреме да го зајакнете вашиот имунитет за да станете што поотпорни на вируси и бактерии.

Во тоа може да ни помогнат намирници кои се богати со витамини и минерали кои влијаат на нашиот имун систем, а кои треба секојдневно да ги внесуваме во својата исхрана доколку сакаме да го сочуваме нашето здравје.

Мед 

Природниот мед е преполн со антиоксиданти, ензими и минерали, вклучувајќи цинк, железо, калиум, калциум, магнезиум. Исто така тој содржи и витамин Б6 и тианин. Ги ослободува слободните радикали во организмот, а со тоа го подобрува нашиот иминитет.

Куркума 

Зачинот куркума е од Индонезија и Јужна Индија, а низ историјата се користел како зачин, текстилна боја, но и средство за исцелување. Богата е со хранливи влакна, минерали и витамини.

Алое Вера 

Освен силнто регенеративно влијание на кожата, алое верата има силен ефект на баланс во нашиот огранизам. Богата е со витамин Ц и Е и може да спречи нашиот организам да дојде до состојба на дехидрација. Покрај гелот алое вера за нега на кожа неа може да ја консумирате и во вид на сок.

GOLD
To Top