Новости

Здравје

Препораки за здраво слабеење без строги диети

Иако постојат навистина голем број на рестриктивни диети кои ветуваат брзо губење на килограмите за кратко време, многу нутриционисти тврдат дека за да се намалат килограмите не мора секогаш да се држи диета. Ако ве интересира како е можно да ослабете без да држите строги диети, прочитајте ги нашите препораки за здраво слабеење.

Немојте да ги прескокнувате оброците

Прво и основно правило кај здравиот начин на исхрана е да се храните редовно, без да ги прескокнувате оброците. Во случај да го прескокнете појадокот, голема е веројатноста за време на ручекот да изедете многу повеќе од вообичаеното и дозволеното. Тоа секако не ви оди во прилог во остварувањето на вашите соништа за витка фигура. Во текот на денот би требало да имате три главни оброци и две ужини. Иако сме сигурни дека е мал бројот на оние кои сакаат да ослабнат и јадат по пет пати во текот на денот, обидете се еден период да јадете на овој начин. Резултатите ќе ве изненадат!

Пијте многу вода

Пиењето на вода во текот на денот се покажало како еден од најефикасните и наједноставните начини за губење на килограми. Со помош на водата може да го намалите чувството на глад, а истовремено да ги елиминирате сите штетни материи од организмот и да ја подобрите дигестијата на храната. Па, ова е супер мотив секогаш да имате шише со вода покрај вас.

Инсталирајте апликација за следење на калориите во вашиот паметен телефон

Постојат многу апликации со чија помош ќе може да ги следите сите ваши фитнес достигнувања во текот на денот. Па така, покрај тоа што секогаш ќе имате увид колку сте биле активни и колку калории сте потрошиле во текот на денот, тие ќе ви бидат и одличен мотив да се движите уште повеќе.

Почнете да се занимавате со некој спорт

Не мора да се занимавате професионално со спорт и да тренирате активно секој ден. Едноставно одберете го спортот кој најмногу го сакате и ве релаксира, и почнете рекреативно да вежбате. Суштината е во тоа да се занимавате со нешто во што уживате, а при тоа и ќе губите килограми. Ако сепак не сте спортски тип, едноставно почнете да пешачите барем по 1 час секој ден.

sezahrana.mk

GOLD
To Top