Новости

Здравје

Престојот во парк ги полни батериите

Само дваесет минути на ден поминати во градскиот парк придонесуваат за поголемо чувство на среќа и задоволство, и не морате да вежбате, покажала новата студија на американските научници.

Една студија спроведена покажува дека градските паркови им овозможуваат на корисниците да уживаат во природата, што резултира со значајни физички и ментални бенефиции, како што е намалување на стресот и закрепнување од ментална исцрпеност. Резултатите од истражувањата на научниците од амерканскиот универзитет Алабама во Бирмингем објавени се во Меѓународниот весник за еколошки здравствени истражувања.

“Посетителите во парковите опфатени со анкетирање изјавиле дека после времето поминато во природа се чувствуваат многу подобро физички и ментално”, изјави лидерот на студијата д-р Хон К. Јуен , додавајќи дека тој и неговите колеги откриле дека нивото на физичка активност на испитаниците не била поврзана со подобрување на емоционалната благосостојба. Ова значи дека лицата кои не се во состојба да се занимаваат со најблага форма на рекреација поради старост или инвалидитет имаат голема корист од прошетката во гратските паркови.

Ова истражување ги доведе научниците до заклучок дека зелените површини во урбаните средини ја потикнуваат емоционалната благосостојба и дека во градовите треба да се направат повеќе паркови и зелени површини.

Лошо е што урбаните влади и инвеститори се повеќе ги заменуваат зелените површини во урбани средини со станбени и комерцијални објекти.

Преземено од: denar.mk

GOLD
To Top