Новости

Здравје

Природен лек за бронхитис

Акутен бронхитис кој го карактеризира повишена телесна температура, искашлување и болки во градите обично трае недела дена.

Најчесто, според проценките на лекарите, се лечи со антибиотици, но од голема помош за брзо и сигурно опоравување се чаевите и други билни препарати.

Во прилог ви донесуваме рецепт за природен лек за бронхитис од лимони и мед.

Потребни ви се 10 лимони, килограм мед и 10 главици лук. Лимонот исечкајте го на парчиња, лукот излупете го и исечкајте го. Измешајте со мед и оставете во затворена тегла да отстои недела дена.

Земајте по четири лажички дневно, растворувајќи ја смесата во уста и лесно голтајте.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Готви.мк

GOLD
To Top