Новости

Здравје

Разубевете си го денот со помош на овие совети

Доколку се разбудивте нерасположени, не дозволувајте тоа да влијае на вашиот ден и испробајте ги овие брзи и лесни начини кои ќе ви го подобрат расположението и ќе ја вратат насмевката на вашето лице.

1. Пробајте ја терапијата со бои

Докажано е дека боите влијаат на расположението, самодовербата и однесувањето. Зелената боја е лидер во тоа поле, па доколку не сте расположени- облечете нешто зелено.

2. Мириси

Мирисите исто така влијаат на расположението, па така, доколку почувствувате дека ви се намалува енергијата- изберете мирис на лаванда или јасмин.

3. Физичка активност

Прошетајте. Физичката активнот го поттикнува лачењето на хормонот на среќа.

4. Можеби е време за ужинка?

Одберете намирници кои го подобруваат расположението, како што се јајцата, бадемите, сирењето, банана, сливи или црна чоколада.

5. Прегратка

Прегрнете блиска личност. Прегратките го поттикнуваат лачењето на хормоните на среќа, серотонинот и окситоцинот.

6. Слушајте музика

Пуштете ја омилената песна или музика со брз ритам која влијае на доброто расположение.

7. Одглумете среќа

Истражувањата покажуваат дека смеењето, дури и кога „не ни е до смеење“ го подобрува расположението. Погледнете некое смешно видео или прочитајте некој виц.

GOLD
To Top