Новости

Здравје

Ротквица за низок холестерол

Рана пролет не може да се замисли без трпеза со ротквица.

Овие коренасти плодови помагаат за пролетното “будењето” на организмот и ги штитат бубрезите од формирање на камен.

Неколку истражувања покажале дека ротквиците содржат супстанции кои се сметаат за одлични борци против ракот. Содржината на влакна во овој зеленчук ја прават особено ефикасна во спречувањето и борбата против ракот на дебелото црево.

Ротквиците особено се препорачуваат за оние кои во текот на зимата прележале бронхитис или воспаление на синусите. Покрај тоа, тие се класифицирани меѓу зеленчукот кој е корисен за луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести, намалување на холестеролот, регулирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Ротквиците ја стимулираат и работата на црниот дроб, жолчната кеса и ја чистат крвта. Влакната, со кои изобилуваат, го регулираат празнењето на цревата, па ефективно ги исфрлаат токсините и ја спречуваат појавата на запек.

Овие црвени плодови се исто така важни за здравјето на кожата. Успешно го чисти лицето од акни и делува антивоспалително. Пожелно е да ги јадете, но и да ги ставате на проблематично место на кожата. Измиксајте ја ротквицата во блендер, додадете малку вода и нанесете ја нежно на кожата триејќи ја смесата со врвовите на прстите. Измијте се, соберете го вишокот вода со крпа и почекајте пет минути за целосно да се исуши кожата.

Сокот од ротквица се смета за добар природен лек против уринарна инфекција. Овој пијалок ефикасно го ублажува пецкањето, а е одличен диуретик и помага при исфрлање на бактериите.

GOLD
To Top