Новости

Здравје

Спас за дијабетичарите: Инсулинот ќе може да се зема преку таблети

Дијабетес тип 1 е често наследна болест, помалку раширена во однос на дијабетес тип 2, на која може да се дејствува превентивно. Поради тоа клучен е инсулинот, кој помага во регулирањето на нивото на глукоза.

Ако дијабетес тип 1 не е регулиран, тоа може да доведе до многу сериозни здравствени проблеми. За да се спречат компликациите и состојбата да биде одржaна под контрола, лицата со оваа дијагноза мораат да земаат инсулин во инјекции или преку инсулински помпи.

Оралното земање на инсулин е сон како за пациентите, така и за докторите, и тоа ќе биде најдобра алетернатива за инјекциите.

Научниците досега не беа успешни во обидите да развијат таблета која ќе ги надмине пречките кои ги создава системот на органи за варење, за да стигне до крвта.

Меѓутоа, сега научници од Харвард, неодамна, во магазинот „PNAS“, опишаа истражување во кое успеваат да произведат таблета која може да го помине системот на органи за варење без оштетување.

Тие создадоа таблета која го чува инсулинот од стомачните киселини и ензимите на тенкото црево, а која може да помине низ заштитните бариери на цревата.

Кога протеинските молекули на инсулинот ќе влезат во системот на органи за варење, тука се наоѓаат многу ензими чија функција е да ги разгградуваат протеините, а инсулинот во таблетите останува стабилен.

Научниците велат дека таблетата лесно се произведува, поевтина е од другите терапии и може едноставно да се чува два месеци на собна температура, а трае подолго отколку некои видови на инсулин во инјекциите.

После многу обиди и грешки, конечно е пронајден начин за орално земање на инсулин.

Научниците се оптимисти и велат дека следен чекор е спроведување на понатамошни истражувања на животни, за да се потврди дека таблетата е безбедна за системот за варење, па потоа се очекува да започнат клинички тестирања на луѓе.

 

Евротип
Евротип
To Top