Новости

Здравје

Три едноставни начини за драстично подобрување на вашето здравје

Не мора да го менувате животот од корен, само направете ги овие три едноставни чекори и ќе бидете многу поздрави.

Харли Пастернак, фитнес тренер кој соработувал со многу познати личности како Гвинет Палтроу, Ким Кардашијан, Ријана и Ариана Гранде, предлага преземање на овие три чекори за значително подобрување на вашето здравје оваа година.

“Оваа година важно е да одите повеќе, да спиете подобро и да го намалите внесот на шеќери. Ако спиете половина час подолго, внесувате половина шеќер помалку од вообичаеното, направете најмалку 12.000 чекори секој ден, драматично ќе го промените својот живот”, истакнува тој.

Се разбира, секогаш е полесно со зборови отколку да направите, но Пастернак има неколку совети кои ќе ви помогнат да ги исполните овие три цели.

На пример, за да одите повеќе, советува да купите часовник кој го мери бројот на чекори или да преземете апликација за тоа. Исто така, важно е да имате удобни патики за одење за да бидете поактивни, затоа што да бидеме реални, непријатните патики нема да му помогнат на некој да започне.

Сепак, можеби е најтешко од овие три чекори кон подобро здравје да се намали внесот на шеќери.

„Внесуваме десет пати повеќе шеќер отколку што би требало“, истакнува Пастернак.

Во суштина, за да консумирате помалку шеќер, потребна ви е силна желба, а нутриционистите велат дека може да помогне “одложување” на внесот на слатки за десет минути, сè додека таа желба не исчезне.

Исто така, еден од триковите кој би можел да помогне е консумирање на билни чаеви, бидејќи тие ја блокираат желбата за слатки.

denar.mk

GOLD
To Top