Новости

Здравје

Три рецепти со цимет за побрзо слабеење

Циметот има лековити својства, но исто така се користи и во диетите, а особено за детоксикација. Затоа и може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.

Циметот покажал и голема ефикасност за контролирање на нивото на шеќерот во крвта кај дијабетичарите. Неговата употреба во секојдневната исхрана ќе ви донесе многу бенефити, а вие ќе уживате во неговите антигабични и антибактериски својства.

Прв начин на кој може да го употребите е со додавање во чај наутро. Ефектот ќе го подобрите доколку додадете и една лажика мед во чајот.

На пладне измешајте цимет, мед и ѓумбир и користете го како додаток во млеко или да го намачкате на тост или на крекери.

Навечер, во млака вода додајте по пола лажичка мед и пола цимет. Испијте половина час пред спиење.

Во комбинација со здрава и балансирана исхрана, овие три рецепти загарантирано ќе помогнат во побрзото топење на масните наслаги.

GOLD
To Top