Новости

Здравје

Црно или бело грозје: Кое е поздраво?

Грозјето делува како природен тоник на организмот, го забавува стареењето, односно спречува деменција и дегенеративни очни болести…и црното и белото грозје претставуваат еликсир на младоста, но за добар сон е заслужно само едно од нив.

Иако постојат бројни сорти, најпознати се белото и црното грозје. Црното треба да биде што потемно, речиси црно, а кога гроздот ќе се затресе, зрната не смеат да паѓаат.

Лушпата од црното грозје е многу вредна затоа што изобилува со фенолни материи кои му даваат боја и вкус, а на луѓето здравје.

Содржи и полифеноли резвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини. Тие се антиоксиданси кои уништуваат штетни супстанции, како и слободните радикали кои можат да предизвикаат тумор.

Црно грозје треба да се јаде што почесто и поради калиумот, манганот, витамин Ц, Б1 и Б6. Но и поради изобилието на растителни влакна, калциум и железо. Истражувањата покажале дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормон неопходен за добар сон.

Белото грозје е по многу работи слично на црното. Има приближно иста енергетска вредност, што значи околу 20 отсто шеќери, но во однос на црното грозје сиромашно со феноли. Исто така, не е претерано богато ниту со калиум и калциум.

GOLD
To Top