Новости

Здравје

Чај од ленено семе за слабеење

Лененото семе е состојка која е добро да ја имате во менито. Идеално е за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го регулира апетитот. А, ако сакате да добиете совршен облик на телото, пробајте го верниот сојузник, наречен чај од ленено семе за слабеење!

Лененото семе изобилува со важни минерали како железо, калциум, натриум и фосфор, со незаситени киселини, како и голем број на протеини и ензими. Чајот од лененото семе го поттикнува разградувањето на мастите, а богатството од минерали ќе помогне во корист на здраво слабеење.

Еве како да подготвите чај од ленено семе за слабеење

Редовното консумирање на чајот од ленено семе ќе придонесе вашата кожа да биде мазна и здрава. Најдобро е што, помага во една многу чувствителна задача на телото. Тоа е успехот за после слабеењето вашата кожа да не виси, туку да остане затегната и цврста колку што е можно повеќе.

Состојки:

  • 1-2 лажички мелено ленено семе (може и цели зрна)
  • 250 мл ладна вода.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Лененото семе ставете го во шолја со ладната вода.
  2. Оставете го да стои така некулку часа, а потоа варете го на висока температура околу 5 минути.
  3. На крај, процедете ја течноста, а доколку сакате да го подобрите вкусот додајте некои билки. Добро се комбинира со малку нане, дуњи или камилица. По желба додајте во смесата за варење.
  4. За оптимални резултати и губење на килограмите, пијте 2-3 шолји од овој чај. Една шолја пијте на празен желудник, како прво нешто наутро, а останатите, половина час пред оброк.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top