Новости

Здравје

Ако сакате да ја избегнете диетата, почитувајте ги овие правила за појадокот

Не одложувајте го појадокот

Истражувањата докажуваат дека луѓето кои појадуваат веднаш откако ќе се разбудат од спиење и тоа во рок од половина час и не се прегладнуваат со одложувањето на овој најзначаен оброк, понатаму во текот на денот не донесуваат лоши одлуки во однос на исхраната. Се мисли на оние одлуки каде внесуваат повеќе калории од потребното и изборот на храна која може да му наштети на здравјето.

Pinterest

Внесувајте протеини веднаш птом ќе се разбудите

Наутро, за појадокот треба да се внесуваат протеини. Познато е дека оние жени кои појадуваат јајца на пример, можат да ослабат полесно или потешко се здебелуваат за разлика од оние жени кои ги избегнуваат протеините.

Со помош на оваа тактика или стратегија во однос на здравото исхранување, гладот кој до сега сте го чувствувале во текот на денот, полека се намалува, па така ќе се чувствувате сити и ќе немате потреба да трупате беспотребни калории.

GOLD
To Top