Новости

Здравје

Ако сепак се одлучите за чашка алкохол за празниците, одберете го оној со најмалку калории

Неминовно е празниците да ги поминеме со богата софра, со најблиските и веројатно со вкусното јадење да наздравиме со чашка алкохол. Но, ако сте и вие едни од тие кои не можат да ја избегнат оваа варијанта, а сепак не сакате да внесите премногу калории, никако немојте да одбирате тешко пиво, жесток алкохол, коктел.

Наместо овие напитоци, пробајте со вино или шампањ. Во нив има најмалку калории, но сепак се разбира дека препорачуваме само една чаша и ништо повеќе, затоа што во спротивно, пред се, ќе му наштетите на вашиот организам. Доколку сепак се одлучите за повеќе чаши, ве советуваме претходно убаво да јадете и да бидете сити, а во комбинација, пијте што повеќе газирана вода.

GOLD
To Top