Новости

Здравје

Внимавајте! – Оваа навика го забрзува стареењето на мозокот

Добро знаеме дека неумереноста на конзумкирањето на алкохолни пијалоци е штетна и може да предизвика бројни здравствени проблеми, да не зборуваме за зависноста и психолошките проблеми, но наидовме и на друго истражување кое вели дека дури и умерените количини на алкохол може да предизвикаат мозокот да старее побрзо.

Во најновата студија, објавена во списанието PLOS Medicine, истражувачите собраа податоци од 20.965 учесници, со просечна возраст од 55 години. Додека 2,7% од вклучените не пиеле алкохол, останатите пиеле во просек по 18 единици секоја недела. Тоа би било приближно исто како и шест големи чаши вино. Ако преферирате пиво, тогаш ќе ве интересира да знаете дека тоа е исто како седум и пол лименки од вашиот омилен пијалок. Тоа се покажа како премногу кога е во прашање одржувањето на мозокот здрав.

„Во најголемата студија до сега, откривме дека пиењето повеќе од 7 единици алкохол неделно е поврзано со акумулација на железо во мозокот“, изјави за EurekAlert Ања Топивала од Универзитетот во Оксфорд, која стои зад студијата! „Повеќето железо во мозокот е поврзано со послаби когнитивни перформанси. Акумулацијата на овој метал може да стои зад когнитивниот пад поврзан со алкохолот”

„Истражувачите открија дека умереното консумирање алкохол е поврзано со поголема акумулација на железо во базалните ганглии, група на мозочни региони кои ни помагаат да ги извршуваме когнитивните, емоционалните, моторните функции“, за Eat This, Not That! рече др. Ема Ланг, регистриран диететичар нутриционист, клинички професор на Универзитетот во Џорџија и национален портпарол на Академијата за исхрана и диететика. „Повисоките дози на железо во базалните ганглии беа поврзани со полоши мерки на когнитивната функција“.

„Мозокот е многу чувствителен на промените во метаболизмот на железото“, вели Ланг, објаснувајќи дека овој метал во мозокот предизвикува когнитивно опаѓање. „Абнормално високите нивоа на железо во мозокот се поврзани со оксидативен стрес, што доведува до оштетување на невроните и смрт на клетките.

Евротип
SNBROKER
To Top