Новости

Здравје

Во месецот посветен на машкото здравје обезбедете доброволно приватно здравствено осигурување

Месецот на машкото здравје, ноември, е период кога традиционално се посветуваме на подигнување на свесноста за потребата од редовна и навремена грижа за здравјето, порачуваат од СН Осигурителен Брокер, потсетувајќи дека навременото дијагностицирање на сите болести овозможува нивно побрзо и поуспешно лекување, како и помали трошоци за лекување.

Традиционално го одбележуваме моември, месецот на машко здравје, каде преку машкиот симбол, мустаќите, вниманието на јавноста се свртува кон потребата од зголемување на свесноста за здравствените проблеми кај мажите. Во време на светска пандемија кога здравјето е во фокусот на вниманието, се вклучуваме во оваа хумана кампања, затоа што грижата за здравјето е најважна.

Како еден од начините за најефикасно справување со предизвиците околу здравјето и обезбедување на континуирана грижа за истото е да се избере доброволно приватно здравствено осигурување, порачуваат од СН Осигурителен Брокер.

Пакетот има пристапна цена од само 515 денари месечно.

Со доброволно приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за користење на здравствени услуги во рамките на сите приватни здравствени установи низ цела Македонија.

Притоа се покриваат трошоците за следниве здравствени услуги:

· Специјалистички прегледи

· Основни дијагностички мерења, снимања (рентген (RTG), ултразвук/ехо, електрокардиограм (EKG), електромиелограм (EMG), електроенцефалограм (EEG), VEP, OCT, спирометрија.

· Лабораториски анализи и испитувања

· Амбулантски интервенции (пункција, нега на рани, отстранување на туѓо тело, отстранување на помали кожни израстоци, ендоскопска и перкутана биопсија, парентерална апликација на лек, апликација на блокади, склерозација на вени)

· Амбулантска рехабилитација

· Комплексни дијагностички постапки (компјутерска томографија (KTM), магнетна резонанса (MR), сцинтиграфија, артериографија, гастроскопија, колоноскопија, панендоскопија, бронхоскопија, цистоуретроскопија, ERCP, риноскопија, синусоскопија, назофарингоскопија, ларингоскопија, артроскопија, позитрон емисиска томографија (PET), иригографија, биопсија под ултразвук на внатрешни
органи и простатата, миелографија и патохистолошко испитување.

· Трошоци за лекови – пропишани на розов рецепт над 300ден.

· Дневна болница и дневна хирургија, дијагностички и терапевтски зафати

· Болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат

· Трошоци во случај на оперативни зафати во согласност со Листата на операции

Договорот за ваков тип на осигурување се склучува на временски период од една година, а како осигуреници може да се јават сите лица од 0 до 65 години кои се дел од ФЗОМ.

 

Евротип
Евротип
To Top