Новости

Здравје

Дали консумацијата на кафе и чај се смета за внесување вода?

Дали кафето или чајот што го пиете се смета како „внес на вода“? Експертите велат – Да. Иако шолја кафе не е хидрантна како чаша вода, се смета како внес на течности, па поделете ја количината на половина.

Значи, прашањето е едноставно. Ако одржувањето на хидратацијата е клучно за целокупното здравје, а обичната вода е најдобриот начин да се направи тоа, и ако се подготвуваат кафето и чајот со вода – дали можат да бидат вклучени во дневниот внес на вода?

„Поради кофеинот, кафето е природен диуретик и стимуланс на мочниот меур. Чајот има сличен ефект“, објаснува урологот Ванита Сима-Чианг.

Иако шолја кафе не е хидрантна како чаша вода, може да се смета во дневниот внес што му е потребен на организмот.

„Бидејќи делува како диуретик, јас би го сметал кафето како половина течност отколку што е всушност. На пример, една шолја кафе се смета за половина шолја вода“, објаснува д-р Кетрин Валдроп.

Сепак, консумирањето кафе или чај без вода за пиење може да заврши со дехидрација. Шолја кафе нема да ве дехидрира толку многу, но многу од нив без внес на вода – тие ќе го направат тоа.

Повеќето чаеви содржат кофеин, но значително помалку од кафето, а количината на испиен чај може да се смета како три четвртини вода. Билни чаеви без кофеин, според овие стандарди, може да сметаат како полна чаша вода.

GOLD
To Top