Еве како возењето велосипед влијае на здравјето

Велосипедизмот и здравјето се тесно поврзани, а ние ви ги откриваме сите неверојатни здравствени придобивки од возењето велосипед.
Возењето велосипед е аеробна вежба, обично со низок интензитет. А покрај тоа што ни помага да останеме во форма, тоа позитивно влијае и на телото и на умот. А како, конкретно, дознајте подолу.
Губење на тежина
Возењето велосипед, особено оној со поголем интензитет, го намалува нивото на масни наслаги, го забрзува метаболизмот и гради мускули (кои исто така ги топат масните наслаги).
Зајакнување на нозете
Со возење велосипед ги зајакнуваме мускулите на нозете, без да ги оптоваруваме зглобовите. А со тоа ја подобруваме функцијата на долниот дел од телото.
Го намалува нивото на холестерол
Истражувањата покажаа дека возењето велосипед го намалува нивото на лошиот холестерол, како и нивото на триглицериди.
Ментално здравје
Возењето велосипед го намалува чувството на стрес, депресија и/или анксиозност. Фокусирањето на самата патека помага да се подобри концентрацијата и свесноста за самиот момент. Ова дополнително води до подобрување на фокусот и севкупните когнитивни функции.
Позитивен утрински почеток
Кога го започнуваме денот со возење велосипед, ја подобруваме циркулацијата и денот започнува со чувство на успешно постигната цел. Исто така, утринското возење велосипед ги согорува масните наслаги, ја подига енергијата и го подобрува метаболизмот.
Помал ризик од болест
Редовното вежбање генерално го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар, како и висок крвен притисок. Покрај тоа, возењето велосипед го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
Подобра рамнотежа, држење и координација
Рамнотежата и т.н. координација слабеат со возраста, а тоа можеме да го подобриме со возење велосипед.
И конечно, со возење велосипед ја заштитуваме и животната средина.
