Новости

Здравје

Еден ден во месецот направете чистење на организмот, за слабеење, лекување и регенерација

Секој човек колку и да е здрав, а особено болниот од хронични болести, би требало барем еднаш месечно да спроведува ден за чистење на организмот. Како се спроведува овој ден и зошто?

Постојат многу теории и начини кои се препорачуваат, но најчесто се спроведува чистењето со помош на јаболка. Ова чистење е потребно да се изведе првенствено поради лошата исхрана која со текот на годините складира огромни количини на штетни наслаги во дигестивниот систем, кои понатаму се шират и апсорбираат во организмот.

Пектинот од јаболката дејствува како сунгер во нашите црева и ги собира оттаму сите штетни материи, па на брз, безболен и ефикасен начин ги исфрла од телото.

Еве како се изведува денот за чистење на организмот:

Веднаш штом станете од спиење испијте една чаша природно исцеден сок од јаболко, без додатоци од шеќер. Во сокот додадете и сок од половина свежо исцеден лимон. Сокот пијте го полека, во голтки, а не одеднаш.

После 2-3 часа откако ќе го испиете сокот, може да изедете две јаболка со кора доколку се органски, а ако не се, тогаш излупете ги. Се препорачува да бидат органски, бидејќи лушпата ја јаболката е многу корисна за чистењето.

Во периодот за ручек испијте чај приготвен од јаболкова лушпа со две лажички мед. После 1-2 часа повторно изедете две до четири јаболка со кора.

Послепладне повторно испијте една чаша природен сок од јаболка. За вечера изедете чинија топла каша од јаболка (изрендано јаболко без кора) со 2 лажички мед.

GOLD
To Top