Новости

Здравје

Едноставен тест: Проверете сами дали доволно пиете вода или сте дехидрирани

За време на екстремни горештини, пиењето доволно течности е важно за менталното и физичкото здравје.

Каран Рангарајан, хирург од Националната здравствена служба во Велика Британија, објави едноставен тест на кожата со кој може да се утврди дали нашето тело добива доволно течност.

Станува збор за за штипкање на кожата над зглобот напрстот.

Ова е познато како тест за штипкање на кожата. Колку сте похидрирани, толку вашата кожа ќе биде поеластична и ќе се опорави веднаш по штипкањето. Ако сте дехидрирани, кожата ја губи својата еластичност и потребно е извесно време да се врати во нормала“, објасни хирургот.

Woman Drinking Glass of Water — Image by © Royalty-Free/Corbis

Тестот често се користи во здравствените установи за брзо да се процени дали на пациентот му требаат повеќе течности.

Еластичноста на кожата се намалува кај постарите луѓе, без оглед на нивото на хидратација. На кожата на постара личност може да и требаат околу 20 секунди за да се опорави, дури и ако не е дехидрирана. Исто така, кај пациенти со низок волумен на крв, тестот за штипкање на кожата исто така може да има намалена точност.

Еден од клучните показатели за дехидрација е бојата на урината, која треба да биде светло жолта. Темната урина е знак дека треба да пиете повеќе вода. Други показатели се чувството на жед, сува кожа или сува уста, недостаток на пот или помалку мокрење од вообичаено.

Евротип
SNBROKER
To Top