Новости

Здравје

Експертите советуваат: Еве во кое време е најдобро да си легнете за да бидете наспани и одморени

Познато е дека легнувањето порано има бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Знаеме дека тоа не е секогаш можно, но ако во тоа време сте дома, тогаш нема причина да не го пробате ова и да видите какви промени ќе доживеете. Првата смена на работа и раното станување се доволна причина да ја испробате оваа навика, која ја користат и познати, успешни луѓе, како Ен Винтур и Опра Винфри. Експертите истакнуваат дека најдлабокиот и најмирниот дел од нашиот сон е помеѓу 22 и 2 часот по полноќ, што дефинитивно значи дека раното одење во кревет, гарантира нормално будење и чувство на наспаност.

Сигурно сте легнале во три часот наутро, сте се разбудиле после осум часот и се чувствувате како нешто да ве има прегазено. Едно истражување покажало дека луѓето мислат на лоши работи навечер, почесто отколку во текот на денот, веројатно затоа што, во повеќето случаи, е време кога не правите ништо важно. Според тоа, раното легнување ве ослободува од таквите мисли. Недоволното спиење го подига и нивото на хормонот на стрес – кортизол, па кога ќе станете ќе се чувствувате нервозни и раздразливи.

Луѓето кои спијат доволно се генерално посреќни во животот, според истражувањето. Причината е што нередовниот и прекраток сон ги става вашите емоции во лоша состојба и ви оневозможува да ги контролирате. Дневната светлина го забрзува лачењето на серотонин – хормонот на среќата, а во зимските месеци, кога деновите се пократки, секој сончев зрак треба да ви биде важен. Колку порано станувате, толку подолго ќе бидете изложени на дневна светлина.

Евротип
SNBROKER
To Top