Новости

Здравје

Есенска нега на лице – Природни маски кои можете да ги направите сами

Есента е време кое носи промени, па затоа е важно да посветите дополнително внимание на вашето здравје и убавина. Со овие маски за лице, кои бараат малку состојки и напор, ќе добиете многу позитивни ефекти за квалитетот на кожата.

Маска од тиква за регенерација на кожата

Оваа маска е погодна за сите типови кожа, и обезбедува природен сјај на лицето.

Компоненти

1 лажичка добро мелена тиква

1 лажичка мед

½ лажичкa млеко

Подготовка

Измешајте ги сите состојки во сад. Нанесете на претходно исчистеното лице со кружни движења, нежно масирајте околу една минута. Внимавајте да ја избегнете областа околу очите. Оставете ја маската да делува 15 до 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Ефект

Бидејќи тиквата содржи антиоксиданси, цинк, витамини А и Ц, таа е одлична за кожата бидејќи ја штити и регенерира.

Маска од брусница за тонирање

Моќната брусница е тука во улога на природен тонер, па како таква ќе ги отстрани несовршеностите од лицето.

Компоненти

6-7 свежи мелени брусница

1 лажичка мед

1 лажичка јогурт

Подготовка

Измешајте ги сите состојки во сад. Нанесете на претходно исчистеното лице со кружни движења, нежно масирајте околу една минута. Внимавајте да ја избегнете областа околу очите. Оставете ја маската да делува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Ефект

Брусницата е природен извор на витамини Ц и К. Затоа, тие ќе помогнат кожата да биде здрава и свежа.

Доколку ве интересираат уште неколку вакви ,,рецепти”, погледнете тука.

Евротип
Евротип
To Top