Новости

Здравје

Етерично масло од лаванда – лек против несоница

Есенцијалните масла се во центарот на вниманието веќе неколку години и истите се проценуваат како ефикасен начин за релаксација. Употребата на лавандата токму за овие цели и намени е поради самиот факт што таа нуди смирувачко дејство. Бидејќи периодот и актуелната ситуација на кој сме сведоци е психички многу тежок, решивме да ви претставиме трик, кој може да го ублажи и смири натрупаниот стрес во текот на ноќта. Ако не можете лесно да заспиете навечер, вие сте на вистинската адреса.

Секојдневното пресретнување со предизвици и борбата да издвојуваме некаква победа во животот, остварувањето на целите и милионите обврски, ни го оневозможуваат мирниот сон кој кај многу мина тешко воопшто да пристигне. Затоа, обидете се да набавите квалитетно есенцијално масло од лаванда што ќе го капете на перницата пред да одите во кревет. Како што поминува една минута, ќе ослободите мирис што ги релаксира мускулите и го намалува нивото на стрес, што е клучно. Покрај тоа, со примена на овој совет, лесно ќе ги ослободите или олесните главоболките и грчевите во вратот и рамената.

Резултатите од едно клиничко испитување спроведено за списанието „The Mental Health Clinician“, покажаа дека есенцијалното масло од лаванда не само што е добро за организмот, туку и нема штетни својства. Иако има многу поединци кои веруваат дека лавандата може да доведе до зависност или дека без неа (откако еднаш ќе се примени), не може да се заспие, вистината е всушност спротивна. Лавандата нанесена во оваа форма ја намалува можноста од „напади“ на вознемиреност, без несакани ефекти.

GOLD
To Top