Новости

Здравје

Заборавете на ладниот туш во летните горештини! – Еве што препорачуваат експертите!

За време на топлите денови сите го спомнуваат ладниот туш како идеално решение кое ќе ве лади, но сите живееме во заблуда.

Ладниот туш за летни температури е контрапродуктивен, тврдат експертите. Млаката вода не делува особено привлечно за време на топлите денови, но според експертите ова е температурата која најмногу ќе го олади телото.

Според науката, ладниот туш или купка може да предизвика сосема спротивен ефект. Поточно, кога го изложуваме телото на ледена вода на екстремна топлина, организмот се обидува да ја регулира температурата и да се загрее. Тоа значи дека после ладен туш со мраз, може да ви биде само  потопло.

Од друга страна, експертите велат дека топлата вода го стимулира природниот систем за терморегулација. На тој начин се зголемува циркулацијата, телото се лади, а последица е пониска температура, па сте се оладиле, пишува 24. sata.hr.

Евротип
SNBROKER
To Top