Новости

Здравје

Зошто е важно да го пиеме кафето на пладне?

За некои луѓе, кафето е ритуал без кој едноставно не може да помини нити еден ден. Оваа навика за пиење кафе, најчесто се практикува наутро. Но, зошто истата е важна и во попладневнте часови, а не навечер.

По ручекот, во попладневните часови, се случува нивото на енергијата природно да опаѓа. Тогаш нивото на кортизол е ниско, па се чувствуваме уморни. Потребно ни е нешто да не размрда и да ни даде дополнителна енергија за сите оние останати обврски и активности што не очекуваат во текот на секое попладне, бидејќи има уште многу време додека не заспиеме. Решението е лесно и е скриено во ѓезве, т.е. шолји свежо мелено кафе!

Кофеинот останува во крвта околу пет часа, но кај секој различно Тоа време може да биде малку подолго или пократко. Кај некои луѓе, кафето во доцните вечерни часови може да го отежне заспивањето и да го наруши спиењето, па времето по ручекот е многу подобра опција. Вечерта изберете да уживате во шолја домашно кафе без кофеин.

Уживајте во овој пијалок кога и да изберете да го пиете. Уживајте во неговата арома и вкус, сами или во имилното друштво. Но, имајте на ум дека ако претерате со бројот на испиени шолји, ќе имате несакани последици, а една од нив е и сонот. Сепак, треба да бидете наспани, за утре одново да уживате во вашиот омилен пијалок.

GOLD
To Top