Новости

Здравје

Зошто тестот на Ковид-19 понекогаш дава погрешни резултати?

Се чувствувате лошо, а симптомите што ги имате ве потсетуваат на Ковид-19. Но, тестот за коронавирус покажал дека сте негативни. Може ли тестот за Ковид-19 да биде погрешен?

Да, и тоа може да се случи. И ПЦР-тестовите и брзиот тест за антиген се точни кога станува збор за позитивна состојба, т.е. ако тестот вели дека сте позитивни на Ковид, тогаш најверојатно е така. Но, понекогаш тестот може да биде и лажно негативен.

Постојат неколку причини зошто тестот може да биде лажно негативен.

* Лицето се тестира пред да се соберат доволно вирусни честички во носните премини за да може да ги открие тестот. Општо земено, повеќето луѓе заразени со SARS-CoV-2 ќе добијат позитивен тест само неколку дена (па дури и една недела) по инфекцијата.

* Тестот за брис не бил применет правилно и затоа не собра доволно назални секрети за да се постигне точен резултат.

* Земениот примерок е контаминиран.

* Брисот не се чувал на вистинската температура пред да се анализира.

* Хемикалиите користени во тестот не функционирале правилно.

Времето за тестирање се чини дека е особено важно. Гледајќи го најчесто користениот вид на тест, а тоа е тестот за ПЦР, истражувачите откриле дека тестот може да биде лажно негативен, дури 67 проценти во текот на првите четири дена од инфекцијата.

Што значат овие откритија?

Прво, ако сте биле тестирани со брз тест за антиген и резултатот бил негативен, пробајте и ПЦР-тест затоа што е попрецизен во откривањето на вирусот. Второ, ако се чувствувате слаби, постапувајте како да имате коронавирус, без оглед на тоа што ќе каже тестот. Ова значи дека треба да се изолирате и да контактирате со вашиот лекар кој ќе ви ги објасни следните чекори.

Ако сте биле тестирани затоа што сте биле во близок контакт со лице кое има Ковид-19 и тестот е негативен, тоа не значи дека треба веднаш да го продолжите вашиот вообичаен начин на живот. Наместо тоа, треба да бидете тестирани повторно, по можност со ПЦР, за неколку дена, особено ако имате симптоми.

Од друга страна, ако сте биле тестирани од некоја друга причина, како на пример за да можете да патувате некаде, тогаш е многу веројатно дека сè е во ред и дека можете да продолжите со вашиот вообичаен начин на живот.

Дефинитивно треба да се придржувате до пропишаните мерки, кои вклучуваат носење маска, редовно миење на рацете и физичко дистанцирање пренесува локално.

GOLD
To Top