Новости

Здравје

И мажите имаат ПМС – девојки не сте сами!

Сите знаеме што значи ПМС. Сите го имаат осознаено овој поим кај девојките и жените, кој се случува како последица на промените на „хормонските нивоа“. ПМС се случува некое време пред циклусот, а симптомите кај жените можат да бидат варијабилни, но најчесто се согледуваат во променливото расположение, раздразливоста и нервозата кај понежниот пол.

Епа девојки, време е да сфатите дека не сте сами. И мажите имаат ПМС.

Според некои истражувања, овие симптоми се случуваат и кај мажите, само што овој синдром се нарекува IMS, (синдром поврзан со ниско ниво на тестостерон во крвта). Ова предизвикува раздразливост, депресија и повлекување, исто како и за време на ПМС кај жените, а причина е намаленото ниво на тестостерон. Токму неговиот недостаток, исто така предизвикува замор, депресија, намалување на либидото, а има и физички последици како што се болки во нозете, рацете, црвенило и потење.

GOLD
To Top