Новости

Здравје

Како да го спречите стареењето?- Тајната за вечна младост на Салма Хајек и Ким Бесинџер!

Ким Бесинџер е една од најубавите русокоси што сме имале можност да ги запознаеме преку филмското платно. Таа сега е во нејзината седма деценија од животот, а ние би рекле дека изгледа многу помлада.

Инаку Ким е сопственик на Оскар, и беше рангирана на 12-то место на Плејбој листата за најпосакувани жени на 20-от век.

Таа пред светските таблоиди ја откри „тајната“ на нејзиниот младешки изглед, што ја пренесува порталот aura.ba.

Ова се петте ставки:

*Не изложувајте ја кожата премногу на сонце.
*Не јадете месо. Ништо. Никогаш.
*Не мијте се наутро! Зошто? Ноќе, кожата произведува колаген, одговорен за младоста!
*Пилинг со морска сол барем еднаш месечно.
*Користете шминка, но во умерени количини – така што другите нема да ја забележуваат шминката на вашето лице.

*Помалку е често повеќе.

Салма Хајек го објасни утрото „не миење“
Актерката Салма Хајек исто така ја откри истата тајна на одличниот изглед!

46-годишната актерка и ја должи свежината на кожата на лицето на оваа необична навика – не се мие откако ќе се разбуди!

Точно е дека ѕвездата на филмот ,,Од самрак до зори” изгледа многу помлада од нејзината возраст, но досега не беше познато дека тоа се должи на недостаток на хигиена, пренесува Дејли меил.

„Мој совет е добро да го исчистите лицето навечер.

Не мора да го миете, но мора добро да го исчистите. Постојат одлични препарати за чистење на вашата кожа. ”
Што се случува навистина и дали е вистина дека со утринското миење на кожата на лицето ние всушност сме го ваделе тој колаген кој е одговорен за младоста, не знаеме. Но… И некако не би сакале да пробаме!

GOLD
To Top