Новости

Здравје

Како најлесно да го излечите мамурлукот после „луда ноќ“!

После „лудата ноќ“ чувствувате ужасен мамурлук пропратен со главоболки, лошење, депресија и што уште не. Главата ви чади, се обвинувате, лошо ви е и сте многу тажни. Погледнете што треба да направите во овие денови и како полесно да го згаснете мамурлукот.

Најпрво да ги разгледаме лошите страни за никогаш повеќе да не би се ставиле во ваква „Hangover“ ситуација

Алкохолот во себе содржи една хемиска состојка која се вика етанол. Таа може да го оштети или во краен случај да го уништи нервниот систем. Всушност алкохолизираната состојба е еден вид труење. Вистина е дека нашето тело ја има таа способност да го претвори етанолот во безопасна супстанца, но тоа не се случува веднаш и зависи од количината на испиени чаши. Ако алкохолот се пие пребрзо, етанолот се таложи во телото затоа што тоа тогаш не е способно да го преработи етанолот, па затоа се случува тоа забележително дисфункционирање на работата на мозокот или мамурлук проследен со главоболки, дехидрација, тешкотии…со еден збор хаотичен ден кој сакате што побрзо да исчезни.

Во поглед на траењето на алкохолот, тој може да остане во урината 12 до 36 часа, во плунката останува 10 до 24 часа, а во вашата коса, замислете тој може да го пронајдат дури и после деведесет дена. Значи сепак, за непушачите не е миризбата од цигари онаа која се лепи на вашата коса, ами алкохолот.

Како најбрзо да се отрезниме?

На прво место за лечење на мамурлукот, е водата. Последователното конзумирање на алкохол, го носи организмот до дехидрација, па затоа е потребно да се пијат што повеќе течности, особено вода наредниот ден, бидејќи алкохолот се разредува во вода, а во спротивно е деуретик, па затоа предизвикува зголемена загуба на вода преку урината. Освен водата како основен пијалок против напиток, го препорачуваме и сокот од лимон.

Кафе или не?

Што се однесува до кафето, тоа не е толку добра идеја за отрезнување. Кафето е стимуланс, а алкохолот е депресивно средство кое му делува на централниот нервен систем. Сепак, и алкохолот и кафето се деуретици и ја зголемуваат загубата на течности, што може да ја влоши состојбата и да доведе до дехидратација.

Топлата бања е далеку од помош

Нешто што не се препорачува за време на мамурлукот, исто така е и топлата бања или сауна. Можеби пареата го зголемува испарувањето на алкохолот преку кожата, но исто така ја зголемува и општата дехидрација или поточно ги губите течностите преку потењето на кожата. А вам, ви треба таа вода да ја задржите.

Сонот е секогаш добар пријател, а тој ден и онака не би пропуштиле ништо!

Спиењето е исто така релевантно за отрезнување, па времето поминато во сон, овозможува распаѓање на алкохолот во крвта, што може само да го избрка мамурлакот.

Pinterest

Бидете спортски активни дури и кога сте мамурни

За жал да. Ах тоа вежбање, мора ли и во овие денови? Ок, не претерувајте, не велиме да одите во теретана и да се преуморите, зата што во спротивно ќе го доисцрпиет организмот. Зборуваме за обично истегнување, јога, пилатес, па макар и обична прошетка. Тие ќе помогнат за повторно враќање на серотонинот – хормонот на среќа во органзимот и полесно ќе ве исправат на нозе.

Што да јадете за време на мамурлук?

Во врска со храната, наредниот ден после „лудата ноќ“, мора да јадите, дури и ако не сте гладни. Јајца, супа, чорба и кај нас добропознатата расолница.

Меѓу другото, алкохолот убаво е да се знае таа здрава граница која кажува дека алкохолот исто така може да биде корисен.

Тоа е делумно точно. Во помали дози (до 10 ml секој втор ден), алкохолот може да има кардиопротективно дејство, т.е. да го заштити срцето, но во поголеми дози има кардиотоксично дејство и доведува до коронарна срцева болест. Некои истражувања покажаа дека виното, т.е. пиењето црвено вино дневно може да биде корисно за циркулацијата, но тоа често се злоупотребува и генерално се надминува границата.

Како и да е, не е морално и не би смееле да се доведите во ваква ситуација, колку и да имате повод за да наздравите. Може да бидете среќни и без алкохол. А освен тоа, зарем толку сакате да имате уште еден мамурен ден кој едноставно, ќе треба да го избришете од календарот исто како да не постоел?

GOLD
To Top