Новости

Здравје

Менито на Кејт Мидлтон – совети до совршена фигура

Многу дами се восхитуваат на линија и совршената фигура на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, која таа после бременост ја врати во рекордно време. Голем заслуга за тоа е исхраната, и не е тајна дека постои мени создадено специјално за неа. Доколку сакате да откриете што има на тоа мени, и дали Кејт се откажува од вкусни грицки заради изгледот, останете со нас во следните редови.

1. Таа сака да подготвува кари

Според Каролин Роб, готвач на британското кралско семејство веќе 10 години, Вилијам и Кејт инсистираат на ручек во друштво на деца, со цел да поминат квалитетно време заедно. Таа е задолжена и за подготовка на оброци, кога може, а карито често е составен дел од нејзиното мени.

2. Обидете се да се храните здраво

Постојат гласини дека пред свадбата Кејт ја следела диетата на Дукан, која се базира на голем внес на протеини, додека јаглехидратите се дозволени во мала мера. Оваа диета ја користеле и други sвезди, како што е Џенифер Лопез. Тајната е во изборот на свежа храна, како што се зеленчук и овошје, но и интегрален леб. Мајката на војвотката е исто така поборник за здрава исхрана, но во моменти на слабост може да посегне по ракчиња или сирење.

3. Таа знае како да се однесува кон себе за одредени празници, особено за Божиќ

За време на Божиќните празници, парот со своите деца оди во Норфолк, каде ги пречекува кралицата, но и богат оброк. Пред да замине во катедралата, семејството се собира за појадок и наскоро следи ручек, кој се состои од ракчиња или јастог, потоа печена мисирка и гарнир од зеленчук. Вечерта, закуската се состои од мисирка или шунка, со над 15 придружни јадења по вкус. Важно е од време на време да си ги дозволиме тие ,,слатки” задоволства, но со тоа што би го пробале познатото ,,од се по малку”.

4. После нарушување во исхраната, веднаш побарајте помош за да се вратите во колосек!

Поради неподносливото гадење за време на нејзината прва бременост, Кејт не сакала никаква храна. Сепак, таа побарала стручна помош со која го врати апетитот, а најмногу конзумирала авокадо, диви бобинки и каша.

5. Кејт сака да пробува нови вкусови

Иако пробувањето храна пред камерата е невообичаено искуство, војвотката добро се снаоѓа. Имено, за време на нејзината официјална посета на Канада, таа и нејзиниот сопруг го посетија фестивалот за храна и вино. Тогаш за прв пат Кејт пробала еден вид школки во вкусен сос, што значи и тоа е фозволено на нејзиното мени, па уживањето во различни нови вкусови, таа воопшто не го исклучува.

6. Не избегнувајте десерт

Семејните собири значат дека на масата има некои слатки, како што е штрудла со џем или пудинг од карамел. За Божиќ, традиционално се служи пудинг или овошна торта со неизбежен чај. Сепак, Кејт сака понекогаш да се засладува со колаче или други слатки, во друштво на децата, но се разбира таа препорачува сепак тоа да не биде често.

GOLD
To Top