Новости

Здравје

Која е хранливата вредност на чиа семето

Меѓу продуктите означени како „супер храна“ спаѓа и чиа семето, кое се смета за едно од најздравите видови на храна. Потекнува од Гватемала и Мексико, и било омилена храна на Маите. Всушност, името „чиа“ потекнува од древниот јазик на Маите којшто означува „сила“.

Чиа семето содржи 9 есенцијални аминокиселини кои се потребни за изградба на мускулите. Исто така, богати се со Омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Речиси 90 отсто од јаглените хидрати кои ги содржи чиа семето се влакна. На влакната за разградување не им е потребен инсулин па не го покачуваат шеќерот во крвта. Сето ова е причина поради која чиа семето се нарекува супер храна.

Лажичка чиа семе можете да додадете во своите овесни снегулки, во јогурт или да ја поросите салатата. Една лажичка содржи само 65 калории, а обезбедува 54 отсто од дневните потреби за Омега-3.

Здравствени придобивки:

За здрави коски
За контролирање и намалување на телесната тежина
За баланс на шеќерот во крвта
За нега на кожата

Евротип
SNBROKER
To Top