Новости

Здравје

Која исхрана треба да ја практикувате спрема вашата крвна група!

Покрај тоа што е добра за нашето здравје, правилната исхрана може да ни помогне и да изгубиме вишок килограми.

Правилната исхрана е исклучително важна за здрав и долг живот, а докторот Peter D’Adamo тврди дека исхраната треба да се прилагоди на вашата крвна група. Покрај тоа што е добра за нашето здравје, правилната исхрана може да ни помогне да изгубиме вишок килограми, но важно е да знаеме која храна за кого се препорачува, пишува Vecernji list.

Крвна група 0

Исхраната треба да се базира на висок внес на протеини, посно месо, млечни производи, риба, зеленчук, мешунки. Морскатс храна, алгите, црвеното месо, брокула, спанаќ и маслиново масло се најдобри за губење на тежината, додека пченицата, пченката и млечните производи треба да се избегнуваат.

Крвна група А

Треба да избегнувате месо и да изберете вегетаријанска исхрана со многу мешунки, овошје и зеленчук и цели зрна. Морска храна, зеленчук, ананас, маслиново масло и соја се најдобри за губење на тежината, а млечните производи, пченицата, пченката и гравот треба да се избегнуваат.

Крвна група Б

Избегнувајте пченка, домати, кикирики и сусам. Пилешкото месо исто така може да биде лош избор. Јадете зелен зеленчук, јајца, црвено месо и млечни производи со помал процент на маснотии. За слабеење, треба да изберете зелен зеленчук, јајца и џигрер, и да избегнувате пилешко, пченка, кикири и пченица.

Крвна група АБ

Вашата исхрана треба да вклучува морска храна, млечни производи и зелен зеленчук поради помалата количина на стомачна киселина. Избегнувајте кофеин, алкохол и чадени сувомеснати производи. Морска храна, зелен зеленчук и алги се најдобри за губење на тежината, а пилешкото, пченката, леќата и гравот треба да се избегнуваат.

Евротип
Евротип
To Top