Новости

Здравје

Лекарите предупредуваат на овие долгорочни симптоми од прележувањето на сојот „омикрон“

Утврдено е дека Омикрон е многу позаразен од претходните соеви на корона и генерално води до поблаги симптоми и поретко хоспитализација, но сè уште не е потврдено дали и колку е опасен кога станува збор за постковидниот синдром.

Многумина кои прележале ковид за време на омикрон, односно во последниот месец, месец и половина, ја опишале како тешка настинка или грип, што не предизвикало поголеми здравствени проблеми, па дури и не барало употреба на посериозни лекови. И како што болеста поминала за три-четири дена, сите мислеа дека тоа е крајот…

Сепак, експерти предупредуваат дека омикрон може да доведе и до постковидичен синдром или како што се нарекува и долг ковид.

Постковид и / или долг ковид

– Далеку од тоа дека е омикрон е безопасна болест, што го потврди и Светската здравствена организација (СЗО). Тоа не е само форма на самата болест. Има нешто што сè уште не е целосно дефинирано, но факт е дека е многу честа појава – тоа е постковид, хроничен или долг ковид, долгорочен, кој може да влијае на цела низа различни системи на органи, од срце, бели дробови, концентрација, нарушувања … кои не мора нужно да бидат поврзани со тешки форми на болеста. Напротив, се покажа дека се јавуваат и во блага форма – потенцира за РТС проф. д-р Милош Марковиќ, имунолог од Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград.

Како што вели, „сè уште не ги знаеме сите последици, бидејќи не поминало доволно време“.

– Бидејќи се работи за долгорочна работа, хронична, сѐ уште не знаеме до каде. Можеби долгиот ковид ќе биде толку вообичаен по омикрон, иако клиничката слика е блага – рече Марковиќ.

Извор: Фактор

 

Евротип
SNBROKER
To Top