Новости

Здравје

Луѓето кои претежно спијат на грб имаат помалку брчки – Како влијае положбата на спиење врз нашето здравје?

Секој има омилена позиција за спиење, но веројатно не сте знаеле дека дури и начинот на лежење навечер може да влијае на вашето здравје. Сонот можеби не изгледа како голема работа, но интересно е што ние всушност трошиме една третина од животот спиејќи.

Позицијата во која се наоѓате додека спиете, може да влијае на тоа како се чувствувате во текот на денот. Па така може да чувствувате болка во наредниот ден, но може да се појават и други проблеми во врска со физичкото здравје, како на пример да имате проблеми со крвниот притисок.

Спиење на грб

Ако сте меѓу оние 10 проценти од луѓето кои спијат на грб, тогаш е помала веројатноста да страдате од болка во вратот и грбот. Спиењето на грб има корисен ефект врз зацрвстувањето на ‘рбетот затоа што телото на овој начин не се искривува. Исто така, може да се намалат главоболките, да се подобри варењето и да ја олесните акумулацијата на слуз во синусите.

Интересен е фактот што експертите го тврдат, а тоа е дека луѓето кои претежно спијат на грб имаат помалку брчки затоа што не го потпираат лицето на перницата.

Сепак, спиењето на грб не се препорачува за бремени жени бидејќи може да предизвика поголем притисок и непријатност.

Спиење на страна

Оваа позиција почесто ја практикуваат постарите возрасни лица, како и оние со поголем индекс на телесна маса.

Бенефитот на оваа позиција е тоа што може да се „исчистат“ дишните патишта и да се намали грчењето.

Експертите велат дека исто така, спиењето на страна  може да ја намали болката во зглобовите и долниот дел на грбот, како и хроничните болести. Исто така се стимулира протокот на крв и циркулацијата во срцето, што може да биде корисно за оние со висок крвен притисок и пеоблеми со циркулацијата.

Се вели дека овие луѓе кои ја практикуваат оваа позиција,  му помага на дигестивниот систем да функционира подобро, што може да ги ублажи гастроинтестиналните тегоби како што се запек или надуеност.

Студија од 2015 година од Универзитетот „Стони Брук“ откри дека спиењето на една страна може да му помогне на мозокот да остане активен.

Но, една од недостатоците на ваквиот сон е тоа што може да доведе до болка во рамото. Исто така, шансите за развој на брчки на лицето се зголемуваат. Освен тоа, оваа позиција може да ја наруши циркулацијата во вашата рака, што може да доведе до непријатно чувство. Ова често ги тера луѓето да се будат во текот на ноќта и може да доведат до немирен сон.

Спиење на стомак

Спиењето на стомак не е една од подобрите опции, но има и некои придобивки кога станува збор за вашето здравје.

Иако ова може да ве изненади, спиењето на стомак го олеснува дишењето, па може да биде корисно за луѓето кои имаат апнеја. И покрај тоа, експертите генерално не препорачуваат да спиете на стомак.

Дополнителниот притисок врз зглобовите исто така, може да предизвика непријатност во пределот на грбот и вратот, бидејќи овие делови од телото се напрегаат. Ова се случува затоа што, кога сте испружени на стомак, практично е невозможно да ги одржувате ‘рбетот и вратот исправени.

Конечно, спиејќи на стомак, ја допирате перницата со лицето, што може да доведе до предвремени брчки и знаци на стареење, пишува The Sun.

GOLD
To Top