Новости

Здравје

Маска за коса од состојка која сите ја имате на дофат во вашата кујна

Студените, есенски денови бараат и повеќе да внимаваме на негата на косата, а една од најдобрите маски за регенерација на косата е маската со цимет. Овој чудесен зачин ја храни косата, го зголемува нејзиниот раст и ја прави поздрава, посјајна и бујна.

Циметот содржи антиоксиданси, витамини и минерали кои можат да ја подобрат состојбата на скалпот и е познат и како зачин кој го спречува опаѓањето на косата..

Во продолжение прочитајте го овој рецепт за едноставна маска со цимет која ќе ја регенерира сувата коса, но и ќе ја поттикне истата да расте побрзо.

Состојки:
мала шолја јогурт
1 лажица цимет во прав
1 жолчка од јајце

Измешајте ги јогуртот и циметот додека не добиете изедначена смеса, а потоа додадете ги жолчките и убаво измешајте. Нанесете ја маската на вашата коса и нежно масирајте така што ќе ја покриете косата од скалпот до врвовите. Потоа ставете капа за туширање и оставете ја маската да отстои половина час. На крај измијте ја косата со шампон, како и обично.

Најдобро би било косата да се исуши природно по оваа маска.

Ако ја користите оваа маска еднаш неделно два до три месеци по ред, ќе се погрижите вашата коса да почне да расте многу побрзо, а во исто време да стане посјајна и бујна.

Евротип
Евротип
To Top