Новости

Здравје

Миризлива течност што ќе ве заштити од досадните комарци!

Ништо не може да го расипе уживањето во убавото време како комарците кои не напаѓаат безмилосно во овој период од годината.

Покрај хемиските препарати, многу ефикасни се и природните лекови кои можете сами да ги направите во борбата против „крвопијците“. Имајте на ум дека комарците не сакаат мирис на ловор, босилек, лаванда, цитрус, рузмарин, мелиса, лимон еукалиптус, каранфилче …

Еве како можете да направите миризлива течност што ќе ги одбие комарците. Потребно е: два лимона, лимета, неколку гранчиња рузмарин, 8-10 капки есенцијално масло од еукалиптус лимон, малку вода и свеќа.

Во мала чаша ставете лимон, лимета, рузмарин и еукалиптус од лимон. Потоа наполнете ја чашата со вода, ставете свеќа на врвот и кога ќе ја запалите, ќе почувствувате силен мирис што ќе ги оддалечи комарците од вас.

Евротип
SNBROKER
To Top