Новости

Здравје

Модерна тестира вакцина против омикрон

Американската фармацевтска компанија Модерна соопшти дека во САД почна втората фаза од тестирање вакцина, што ја вклучува нивната против ковид-19, но и потенцијална за заштита од варијантата омикрон.

Новата двовалентна вакцина веќе ја прими едно лице, а се очекува да се вклучат околу 375 лица на 20 тестирачки места во САД, информираше Модерна, јави Хина.

Извршниот директор Стефан Бансел тврди дека нивната платформа, базирана на технологијата mRNA, овозможува брзина и флексибилност во развивање вакцина, прилагодена на новите варијанти на вирусот.

Од Модерна очекуваат вакцината да биде достапна веќе идната сезона за вакцинирање.

Вакцината е наменета за лица постари од 18 години, кои се примарно вакцинирани и примиле бустер доза пред повеќе од три месеци.

Евротип
SNBROKER
To Top