Новости

Здравје

Модерна штотуку ја објави првата добра вест за омикрон и вакцините

Бустер дозата на модерната вакцина значително го зголемува нивото на антитела кои можат целосно да заштитат од новиот вид на коронавирус омикрон, соопшти денеска компанијата, а пренесува „Њујорк тајмс“.

Резултатите на компанијата Модерна покажуваат дека бустер дозата од 50 микрограми – половина од дозата дадена за примарна имунизација – ги зголемила нивоата на антитела за околу 37 пати по 29 дена.

Целосната доза од 100 микрограми била уште посилна, што го подигнала нивото на антитела околу 83 пати 29 дена по промената на вакцината во споредба со нивоата на антитела пред засилената доза, објави Модерна, пишува „Њујорк тајмс“.

Двете дози предизвикаа несакани ефекти споредливи со оние забележани по примарната серија од две дози.

Резултатите се базираат на лабораториски тестови кои не го покриваат целиот спектар на имунолошкиот одговор на телото на вирусот. Иако вакцините можеби нема да ја спречат инфекцијата од оваа варијанта, се очекува да спречи тешка болест кај огромното мнозинство луѓе.

Податоците исто така не беа објавени или прегледани од независни експерти. Модерна соопшти дека податоците наскоро ќе бидат објавени на Интернет.

Како што беше најавено, Модерна планира на почетокот на следната година да тестира бустер доза на вакцината, која е специфична за варијантата Омикрон.

„Со цел да одговори на оваа многу пренослива варијанта, Модерна ќе продолжи да ја подобрува вакцината приспособена за борба против омикрон“, рече Стефан Банкел, сопственик на компанијата.

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ објавија претходно овој месец дека зголемената доза на нивната вакцина, исто така, го зголемува нивото на антитела против омикрон.

Евротип
SNBROKER
To Top