Можете ли да стоите на една нога 20 секунди? Овој едноставен тест може да ви го спаси животот!

Иако е целосно безопасен, овој тест може да укаже на сериозни медицински проблеми.
Понекогаш навидум безопасни работи може да укажуваат на здравствен проблем.
А тоа е случајот со тестот, кој вклучува 20 секунди стоење на едната нога и кој може да биде показател за ризикот од мозочен удар.
Мозочниот удар е втора причина за смртност во светот, а статистиката кај нас е загрижувачка.
За навреме да ја спречат оваа фатална состојба, научниците смислиле многу едноставен тест кој ќе ви помогне да откриете дали сте изложени на ризик да добиете мозочен удар.
Сè што треба да направите е да станете и да застанете на едната нога.
Што покажува тоа?
Всушност, овој тест е најдобар показател за тоа како „работи“ нашиот мозок. Секој здрав човек треба да може да застане на една нога дваесет секунди без тешкотии, без да изгуби рамнотежа.
Но, доколку не успеете и не сте повредени или имате физички проблем, препорачливо е веднаш да се јавите на лекар.
Погледнете како функционира овој тест:
Овој тест, кој го одобрија и научниците и лекарите, е создаден како резултат на експеримент во кој учествувале 1.300 луѓе со просечна возраст од 37 години.
Од нив било побарано да стојат на едната нога 20 секунди и да одржуваат рамнотежа.
Се испоставило дека дури 30 отсто од испитаниците кои имале потешкотии со балансирањето имале некаков проблем со мозокот, како задебелени крвни садови.
