Новости

Здравје

Намирници со чија помош полесно ќе ги изгубите „зимските“ килограми

Тие кои во текот на зимата обично добиваат вишок килограми, уживајќи во консумирањето на празничните оброци, решението можат да го побараат во овие намирници.

Меѓу намирниците кои помагаат во слабеењето во текот на зимата дефинитивно е морковот. Овој зеленчук содржи малку калории, а е богат со многу влакна.

Јаткастите плодови и семките се одлична комбинација и претставуваат одлична ужинка. Можат да ви послужат наместо калоричните грицки во процесот на губење на килограмите.

Медот ги активира хормоните кои го потиснуваат апетитот и помага во губењето на вишокот килограми.

Јајцата содржат малку калории и долго ве држат сити. Исто така, богати се со витамини и минерали.

Една порција јагоди содржи 49 калории, а ова овошје е богато со витаминот Ц, влакна, калциум и магнезиум.

Грчкото семе или пискавица помага во регулацијата на нивото на шеќер во крвта и го забрзува метаболизмот.

Во 100 грама цвекло има само 43 калории, 10 грама јаглени хидрати и 0,2 грама масти. Цвеклото е познато по тоа што е корисно во процесот на слабеење.

Циметот го забрзува метаболизмот и слабеењето, а јаболките се совршен избор во секој момент кога ќе почувствувате лажна глад.

GOLD
To Top