Новости

Здравје

Напиток од 4 состојки што ефикасно топи калории

Својствата на морковите и јаболката одамна се познати како одлична храна за сите оние ситуации во кои сакаме да го ублажиме гладот ​​без да внесуваме многу калории, па затоа се одличен избор за сите кои се борат со вишокот килограми.

Морковите, и покрај тоа што имаат висок процент на јаглени хидрати, имаат специфична текстура која троши значително повеќе калории за време на варењето, па затоа е добра идеја да ги јадеме ако сакаме да изгубиме тежина, додека јаболката содржат бројни влакна кои се формираат во гел и на тој начин го спречуваат телото да го апсорбира шеќерот премногу брзо и го намалуваат чувството на глад, додека пектинот, кој помага во намалување на холестеролот, ја блокира желбата за храна до 4 часа.

Токму поради нивните одлични својства, секогаш кога ќе почувствувате глад, потрудете се да го ублажите со напиток од морков, јаболко, лимон и ѓумбир, кој многу лесно се подготвува и кој помага за топење на масните наслаги.

Како да го подготвите?
Излупете ги и изрендајте ги морковот, ѓумбирот и јаболкото, измешајте ги во стаклен бокал и прелијте ги со зовриена вода. Оставете го да отстои покриено од 30 минути до еден час, па додадете го исцедениот сок од лимон. Вака подготвениот напиток можете да го испиете веднаш, а во фрижидер да го чувате и до една недела.

Се препорачува да се пие на празен стомак, по една шолја пред секој оброк, а за оние кои сакаат повеќе да ослабат, се препорачува да пијат по две шолји пред секој оброк.

Евротип
SNBROKER
To Top