Новости

Здравје

Неколку намирници кои ќе ве направат среќни

Нашето расположение е резултат на работата на организмот и надворешните ефекти, чие гориво претставува храната. Токму затоа, не е ни чудно што одредени видови храна, со одредени состојки можат за момент да ни оформат насмевка на лицето.

Не, чоколадото не е меѓу видовите храна кои влијаат врз подобрување на расположението. Иако владее такво генерално мислење, најмногу гледајќи ги филмовите каде оние со скршени срца „нурнуваат“ во кофа сладолед, сепак, чоколадите го променуваат расположението краткотрајно, а после доживувате уште поголем пад.

Истото важи за брзата храна, хамбургерите и помфритот. Научниците докажале дека додека јадете, вашето расположение моментално ќе се подигне, но ќе опадне во рок од оптимални 40 минути.

Добра вест за љубителите на зачинетата храна – само едно парче лута пиперка, после сите ефекти поради кои ги избегнувате, препотување и солзи во очите, ќе добиете бран на возбуденост и радост какви ретко доживувате. Еве кои други намирници треба да се најдат на вашето мени.

Храна богата со протеини 

Допаминот, еден од хормоните задолжен за доброто расположение се излачува при внесување на протеини. На пример, со само 150 грама пилешко печено месо на скара, доволно е да почне допаминот да се лачи, а вие почисто и побрзо да размислувате.

Сусам и спанаќ

Заедничкото на овие две намирници е магнезиумот кој го содржат во поголеми количини, а претставува своевидна антистрес терапија за нашиот организам и има клучна улога во редуцирање на високиот крвен притисок.

Јаглени хидрати без маснотии

Јаглените хидрати без маснотии можат да им помогнат на тие што ги мачи несоница. Само една кеса пуканки пред спиење или други грицки кои не содржат маснотии, можат да помогнат телото да се опушти, а серотонинот да почне да делува.

Риба 

Според едно истражување на финските научници кое го пренесува „Men’s Health“, луѓето што почесто јадат риба, имаат 31 процент помали шанси да почнат да патат од депресија.

Антиоксиданти

Овие се најважните состојки за зачувување и подобрување на памтењето и за подобра и поостра работа на мозокот. Антиоксидансите содржат кислород кој му е потребен на мозокот и ги редуцираат слободните радикали кои ја „трошат“ меморијата. Најлесно можете да ги внесувате преку многу овошје и зеленчук.

GOLD
To Top