Новости

Здравје

Не велиме дека треба ама…Ако веќе сте мамурни, овие ,,совети” веруваме дека ќе ви помогнат!

Секој има различни начини да се справи со мамурлук…Да се разбереме, секој што конзумора алкохол. И не оти треба! Не треба! Добро! А сега откако ве искаравме да не доаѓате во оваа ситуација, набрзина читнете прирачник само за итни ненамерни и инцидентни случаеви нели?!

Секој има своја тактика како што побрзо да се ,,отрезни” и да го излечи мурлукот без разлика дали е утринско џогирање за да ги испотите сите токсини или да консумирате „нездрава храна“ и огромни количини маснотии.

Со доаѓањето на потопло време и годишни одмори и олеснување на епидемиолошките мерки, сигурно ќе барате совршен лек за мамурлак во наредните недели.

Читателите на ,,LADbible” ги открија своите докажани ,,рецепти” за борба против мамурлакот, а еве неколку од нив:

Сауна

Дискутирајќи на оваа тема, Алекс (еден од читателите), тврди дека најдобриот лек за мамурлак е сауната. ,,Јадете квалитетен оброк и одете во сауна. Веќе нема да чувствувате мамурлук, гарантирам”, напиша тој.

Калориска бомба

„Јадете 20 пилешки медалјони, голем сендвич и милкшејк со банана“, советува Хари Ример.

„Тост, сланина, јајце, колбас“, рече кратко Алфред Кокси.

Коктели

,,Понекогаш пијам кригла во која истурам половина кокс и половина сок од портокал. Друг одличен трик е сокот од кактус”, вели Рис Солсбери.

Изби клин со клин

„Само продолжете да пиете“, е советот на Метју Морган.

Вода и добар појадок

,,Порано имав катастрофални мамурлаци, но сега пијам половина литар вода пред спиење. Следното утро појадувам калоричен појадок и мамурлакот го нема”, вели Дагла Хамилтон.

Оброк пред пиење алкохол

,,Храната ја забавува апсорпцијата на алкохол во крвотокот и го забрзува процесот со кој телото го разложува алкохолот. Ова значи дека нивото на алкохол во крвта ќе биде повисоко и ќе се зголеми побрзо ако пиете на празен стомак. И повеќе веројатно е дека ќе доживеете други негативни ефекти како црвенило, гадење и главоболки “, рече докторката Кетрин Басфорд.

Не е важно за каква храна ќе се решите, едноставно, јадете нешто.

GOLD
To Top