Новости

Здравје

Ново истражување: Главните симптоми на индискиот сој се главоболка и течење на носот

Главоболки, болки во грлото и течење на носот се едни од најчесто пријавените симптоми на индискиот сој на коронавирус во Велика Британија, пишува „Би-Би-Си“.

Според истражувањето на професорот Тим ​​Спектор, симптомите на таканаречената инфекција на индискиот сој или делта варијанта на вирусот, наводно, се разликуваат од оние предизвикани од претходните варијанти на коронавирусот, а се повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на силна настинка – течење на носот, болки во грлото и главоболки.

Податоците биле собрани врз основа на истражување на примероци од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликацијата.

„Немаме добри вести“
„Немаме добри вести, бележиме експоненцијално зголемување на новозаболени, особено во северо-западниот дел на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години. Помладата популација не е вакцинирана или е вакцинирана само со првата доза, со што, се разбира, не се постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но она на што треба да обрнеме внимание е сè уште т.н. „долг ковид“, така што Велика Британија дефинитивно има проблем“, вели професорот.

Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на вирусот ковид-19 и продолжуваат со вообичаениот тек на живот и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.

Професорот апелира на потребата да се добие втора доза од вакцината и да се остане дома кога ќе го забележите првиот симптом во однос на главоболка, болки во грлото и течење на носот.

90% од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, пишува „Би-Би-Си“.

СН Брокер
To Top