Новости

Здравје

,,Ноќни птици” или луѓе кои уживаат во утрото? – Истражувањата откриваат што е правилно за вашиот организам

Постојат две категории на луѓе штом сме кај биоритмот на спиењето. Оние на кои не им е тешко да станат в зори, но заспиваат порано навечер, и оние другите кои имаат потешкотии да се разбудат, но можат да работат доцна во ноќта.

Без разлика дали се препознавате во првиот или вториот опис, дали сте ноќна птица или сте ранобудни, сигурно сте заинтересирани за одговорот на прашањето во насловот.

Резултатите од студијата објавена во списанието ,,Молекуларна психијатрија”, покажуваат дека ,,ноќните птици” се повеќе склони кон развој на анксиозност и депресија, во споредба со ранобудниците.

Научниците од Велика Британија испитуваа вкупно 351 ген, од кои зависи класификацијата во една од споменатите категории.

Тие понатаму се поврзуваат со 7 различни ментални нарушувања, од кои едната е депресијата.

Во истражувањето учествувале дури 85.000 испитаници, вработени во банката, кои носеле часовник со специјален монитор.

Не е изненадувачки, луѓето кои имаат т.н. обратен биоритам, имаат изразен потенцијал за појавување на погоренаведените психички ,,состојби и нарушувања” кои му пркосат на здравјето. Утринските луѓе пак, се заштитени од депресија на одреден начин, и тие се со поголема веројатност да водат поздрав живот во целина.

Таканаречените „ноќни птици“ мора да го нарушат нивниот ритам, бидејќи имаат работни обврски, кои ги чекаат.

Ако сте загрижени за ова научно објаснување, немојте, бидејќи има една светла точка во сегашните околности.
Имено, вирусот корона придонесе за пресврт во бизнисот, така што многу работници се префрлија на флексибилни работни часови.

Затоа, постои можност да се усогласат потребите на организмот и реалната состојба и да се подобри менталното здравје на многу вработени. Сепак вие сте оној кој диктира на вашиот биоритам, но би требало да запомнете дека телото е вашиот храм. Чувајте го вашето здравје и потсетете се: Ноќта е за спиење!

Евротип
Евротип
To Top