Новости

Здравје

Обрнете внимание – 4 сигнали кои телото ги испраќа доколку му недостига магнезиум

Без магнезиум, нашето тело не може да функционира правилно. Според истражувањата, неговиот недостаток може да доведе до сериозни медицински нарушувања како остеопороза, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.

Овие сигнали укажуваат на недостаток на магнезиум во телото:

Мускулни грчеви

Недостатокот на магнезиум предизвикува грчеви во мускулите, Магнезиумот е минерал кој им овозможува на нашите мускули да се релаксираат.

Кога на нашето тело му недостига магнезиум, почнуваме да имаме проблеми со мускулите, чувствуваме чести грчеви или мускулни грчеви, понекогаш имаме и тикови на мускулите на лицето. Во екстремни ситуации, спазмите може да доведат до хронична несоница.

Неправилни контракции на срцето

Недостатокот на магнезиум може да има негативно влијание и на срцевиот мускул. Бидејќи овој минерал овозможува правилни контракции на срцевите мускули, неговиот недостаток може да доведе до срцева аритмија, што ја зголемува можноста за срцев удар, како и мозочен удар.

Депресија и лошо расположение е поврзана со недостатокот на магнезиум

Пред повеќе од еден век, вообичаено беше лекарите да препишуваат магнезиум на пациенти кои страдаат од депресија.

Денес, врската помеѓу недостатокот на магнезиум и лошото расположение е заборавена, иако многу студии имаат тенденција повторно да ја воспостават.

Непријатно ѕвонење во ушите

Тинитус е медицински термин за зуење во ушите. Иако тинитус често е предизвикан од инфекции, тој може да биде предизвикан и од внесување на премалку магнезиум во телото.

Затоа, доколку имате такви проблеми, обидете се да ја зголемите дозата на магнезиум што ја внесувате секој ден и проверете дали тоа го прекинало непријатното ѕвонење во ушите.

Евротип
SNBROKER
To Top